СДСМ СЕ ОДНЕСУВА КАКО КУЧЕ ШТО ЛАЕ, АМА НЕ КАСА Според ВМРО-ДПМНЕ опозицијата делува од очај и безидејност

Им порачуваме на СДСМ доколку имаат доказ, нека се обратат кај своите обвинители и судии и нека гонат како што гонеа 7 години додека беа на власт – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

194

„Партијата СДСМ, која е синоним за криминал и корупција, луѓето кои ја уништија државата како Заев, Филипче, Ковачевски, Николовски и многу други, преку пресови и соопштенија секојдневно вртат една иста тема, колку да кажат нешто“ – се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. 

„Па еве по 100-ти пат да им објасниме: Мигранти од Велика Британија нема да има. Томовски нема приватна фирма, ниту пак удел во таа која ја споменуваат.






Им порачуваме на СДСМ доколку имаат доказ, нека се обратат кај своите обвинители и судии како Кацарска, како Коцевски, како Дамева, и нека гонат како што гонеа 7 години додека беа на власт. Ама бидејќи и тие се свесни дека нема за што да се гони, растураат пердуви во јавноста и после – зошто народот не им верувал? Реформи се потребни во СДСМ на чело со Филипче и оградување од Заев и криминалната багра“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини