СДСМ СЕ ГУБИ НА ПОЛИТИЧКАТА МАПА Рејтингот на партијата на Филипче е во слободен пад

СДСМ тоне по рејтингот, но и покрај тоа се обидува да го спаси и заштити Артан Груби. Дури и Али Ахмети и ДУИ се откажаа и оградија од Груби, а СДСМ продолжува да го штити само поради тоа што се нивни асистенти и соработници, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

723

СДСМ со секој изминат ден тоне во сопственото политичко мочуриште, СДСМ се губи на политичката мапа, а рејтингот им е во слободен пад 5 спрема 1 според анкетите, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„СДСМ тоне по рејтингот, но и покрај тоа се обидува да го спаси и заштити Артан Груби. Дури и Али Ахмети и ДУИ се откажаа и оградија од Груби, а СДСМ продолжува да го штити само поради тоа што се нивни асистенти и соработници. Падот на рејтингот на СДСМ е директен резултат на молкот и за распространетоста на криминалните шеми со ДУИ, но и покрај тоа СДСМ грчевито го штити Груби и не го повикува на одговорност пред правдата. Крајот на ДУИ започна со ставањето на црна листа на САДнајпрво со Рамиз Мерко, а потоа и со Артан Груби. Се сруши и митот за Ахмети дека ниту се чесни, ниту се борат и ги штитат своите луѓе ниту пак дека се можат и се недопирливи. Артан Груби е извршител на ДУИ и Ахмети, а негови соучесници и асистенти се СДСМ. Центарот на политичкиот криминал на СДСМ се Заев, Ковачевски, Филипче, Спасовски. Криминалните банди и фамилијарните кланови владееја и ја наметнуваа својата волја како сакаат и каде сакаат, а МВР под раководство на Спасовски не се спротивставуваше и дозволуваше хаосот да завладее додека беззаконието царуваше“, се вели во соопштението.






СДСМ ја окупираше државата во соработка со корумпирани судии и обвинители бирани во Струмица и Зајас, додека фамилијарните кланови под закрила на Ахмети и Заев со своите криминални делувања го уништуваа системот, наведено е таму.

„СДСМ делуваше во координација на ДУИ, а Груби беше извршител, 7 години овие деструктивни сили го заробија системот и ја уназадија државата. СДСМ дозволи криминалот и корупцијата да напредува додека народот осиромашуваше. Артан Груби, СДСМ и ДУИ мислат дека од правдата ќе побегнат но засолниште за криминалците и сите оние што го прекршиле законот нема. Одговорност мора да има. Место за криминалци во политиката нема. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја извади државата од темната етапа во која ја доведоа СДСМ и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ напорно работи да обезбеди напредок, инвестиции и подобар животен стандард за граѓаните“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини