СДСМ ПРЕД „ПАЃАЊЕ“ СКЛУЧИ СОМНИТЕЛЕН ДОГОВОР За ВМРО-ДПМНЕ е спорно осветлувањето во Гази Баба
најинтересната работа е што во член на договорот кој е јавно достапен на сајтот за јавни набавки, стои 20% од сумата на овие пари за кои е склучен договорот, авансно да се исплати во првата недела, по што општината на 3 пати во првите 10 дена исплатиле 21 милион денари или околу 340.000 евра на фирмата „Елмонд електро“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, повторно објави договор во врска со осветлувањето во Гази Баба, склучен непосредно пред локалните избори во текот на летото, за кога вели „веќе се знаеше дека СДСМ паѓа од власт во Гази Баба“.
– Според сите овие договори кои ги презентираме и ќе ги презентираме во иднина и сите потрошени пари за осветлување, Гази Баба ќе требаше да биде најосветлена општина во Република Македонија, а не општина во која нема осветлување и дури сега треба да се средуваат актуелните да речеме недостатоци и промашени инвестиции на кадрите на СДСМ. Замислете, додека Градоначалникот имал активен договор за реконструкција на 2 реони во Гази Баба и договор за изградба на нови линии, склучил договор на 17 август 2021, инаку зборувам за активни договори за одржување на две реони во Гази Баба, изградба на нови линии коишто ги презентирав вчера во вредност 11 милиони денари, сега овој пат има договор од 17 август за реконструкција на улично осветлување со лед светилки и софтвер за истите за паметно осветлување и тоа во вредност ни помалку ни повеќе од 1.450.000 евра без ДДВ или 1.7 милиони евра со ДДВ, овој пат со фирма „Елмонд електро“ од Скопје – вели Арсовски.
Тој посочи дека „најинтересната работа е што во член на договорот кој е јавно достапен на сајтот за јавни набавки, стои 20% од сумата на овие пари за кои е склучен договорот, авансно да се исплати во првата недела, по што општината на 3 пати во првите 10 дена исплатиле 21 милион денари или околу 340.000 евра на фирмата „Елмонд електро“.
– Во овој период кога се активирал овој договор и кога станал активен, сè уште имало постоечки договори за осветлување, односно два договори за реконструкција на улично осветлување на два реони во Гази Баба и еден за изградба на нови линии, во висина од 11 милиони денари или тоа се истите договори кои ги презентирав вчера, во кои што не содејствуваат исплатените пари со фактичката состојба на терен. Од толку договори и исплатени пари за осветлување само во 2021 година, Гази Баба требаше да биде најосветлени општина. Она што е интересно што може да се забележи во Член 5 каде што ја пишува вредноста на договорот од 1.450.000 без ДДВ пишува дека согласно првично поднесената и прифатлива понуда на носителот на набавката односно оваа фирма којашто ја споменав, не постоеја услови за е-аукција, затоа е прифатена и првичната сума – вели портпаролот.
Тој посочи и дека „ова доволно говори дека тука може да има нешто сомнително кое треба да го испитаат општината и службите“.