СДСМ ПАК СИ ГО ПОКАЖА ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ И ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА ДУИ Министерот Тошковски најави кривична одговорност за бегството на Груби
Во текот на денешниот ден, по консултација со надлежниот јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава која утре ќе биде поднесена до обвинителството. Исто така од МВР е изречена суспензија за предметното лице. Исто така, можам да изјавам, дека ниту лично го познавам предметното лице, ниту сум потпишал или издал каков било акт тоа да биде назначено да работи во граничната полиција на Македонија, изјави министерот за внатрешни работи.
СДСМ уште еднаш покажа дека е во љубов со ДУИ преку нивното дејствување и последните настани поврзани со поранешниот вицепремиер Артан Груби, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во обраќање на Фејсбук. Коментирајќи ги последните изјави на Богданкa Кузеска од СДСМ, Тошковски најави дека полицијата поседува запис на кој точно се гледа дека полицаецoт од граничната полиција го прекршил законот и дека против него ќе биде поднесена пријава.
– Благодарност до госпоѓа Кузеска и СДСМ бидејќи повторно покажаа дека единствено нешто што покажаа е дека можат да ги лажат граѓаните и јавноста. Сите докази кои се во насока на расветлување на случајот за лицето кое сега е недостапно за органите на прогонот и оваа постапка сега се обезбедни од Министерството за внатрешни работи. МВР поседува запис на кој јасно се гледа повреда на закон и оперативните процедури од страна на полициски службеник кој во тој момент бил во служба на граничната полиција. Наредниот ден се спроведени сите истражни постапки и е известено надлежното обвинителство. Во текот на денешниот ден, по консултација со надлежниот јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава која утре ќе биде поднесена до обвинителството. Исто така од МВР е изречена суспензија за предметното лице. Исто така, можам да изјавам, дека ниту лично го познавам предметното лице, ниту сум потпишал или издал каков било акт тоа да биде назначено да работи во граничната полиција на Македонија – рече министерот Тошковски.
Тој жали што „една партија што себеси се нарекува државотворна, повторно ги брани нивните партнери ДУИ и повторно покажува дека не работи во интерес на граѓаните, туку работи за лукративните интереси на ДУИ“.
– Токму лицето кое е недостапно за органите на прогонот на времето изјавуваше дека двете партии се во љубов. Епа дека тие се едно, повторно покажуваат со нивниот начин на однесување и дејствување – додава Тошковски.
Министерот порачува дека ќе има одговорност за случајот со Груби:
– Но, нека не се секираат. МВР ги има соодветните капацитети, иако го оставија во фаза на швајцарско сирење и ќе си постапи согласно законите и уставот и секој еден којшто се огрешил ќе одговара пред лицето на правдата. За разлика од порано кога крив беше пајакот, сега оној којшто сторил незаконитост има име и презиме и ќе биде изведен пред лицето на правдата.
Министерот за внатрешни работи вели дека нема да ја тужи Кузеска иако, според него, извршила класична клевета:
– Поздрав уште еднаш до госпоѓата Кузеска која со својата изјава изврши класична клевета, сакам да ѝ порачам дека нема да ја тужам затоа што сметам дека на опозицијата треба да ѝ се даде шанса дека ќе се оправи со тек на време – порачува Тошковски.