СДСМ НЕ ГИ ЗГОЛЕМУВА ПЕНЗИИТЕ Мицкоски вели дека се враќа моделот на ВМРО-ДПМНЕ ВИДЕО

408

Тоа што им го украдоа на пензионерите и за кое што зборувавме уште пред три години, се обидуваат сега да го санираат, претставувајќи го како некој иновативен „швајцарски модел“, а тоа е практично законот од пред 2018 година, кој што го укинаа, кога донесоа закон со кој им ги намали пензиите на пензионерите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на на протесниот марш по повод 8 март во Штип.

– Сега се обидуваат со некакви трикови да претставуваат „швајацрски модели“, во кои нема ништо швајцарско, можеби само ако останало нешто од скијањето оваа зима на раководството на СДСМ за да ги потсетува на Швајцарија. Инаку суштината е дека ова е оној кој што пред да го смени Мила Царовска и Зоран Заев на 21 декември 2018 година важеше  – тврди Мицкоски.






Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и тогаш зборуваше колкав е грабежот и за колку се оштетени пензионерите со тој закон на власта кој го донеле, и сега зборува.

Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднела вистинска мерка за покачување на стандардот на пензионерите и на пензиите, но „од оваа криминална власт тоа не беше прифатено“.

Тој додаде дека нема зголемување на пензиите, туку дека се враќа моделот што беше укинат, без да се вратат парите кои им се земени овие три ипол години.

Поврзани содржини