Лицемерието и партиското профитерство беше и останува главна одлика на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Крајно несериозно и лицемерно е за планирањето на Скопје да зборува некој кој уста не отвори кога Градот го облекуваа во фасади од барок и стиропор, реагира СДСМ на ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Универзална сала.
– Истиот тој Мицкоски молчеше кога се менуваа фасадите на улица Македонија. Молчеше Мицкоски и за зградата на ЕЛЕМ за време на неговото директорување. Разликата е огромна. Додека ВМРО-ДПМНЕ узурпираше и ниту еднаш не ги праша граѓаните за мислење, СДСМ е отворена и заедно со граѓаните носи решенија. ВМРО-ДПМНЕ поставуваа споменици сред ноќ, тајно, а СДСМ работи транспарентно, отчетно и отворено. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане партијата симбол на расипништво. Доказ за тоа се градбите на ВМРО-ДПМНЕ кои чинеа милиони, а денес се распаѓаат – велат од СДСМ.