СДСМ: Мицкоски доцни со грижата за стопанството

614

Задоцнета е лажната грижа на Мицкоски, владата веќе донесе втор сет економски мерки со кој се опфаќаат 250.000 работни места, следува и трет пакет мерки, реагира СДСМ на денешното видеобраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кое тој бара робусни мерки за спас на стопанството.

– Христијан Мицкоски продолжува да се однесува несериозно во време на сериозна здравствена и економска криза и наместо конструктивност, тера политиканство и популизам.Владата ги слуша работниците, синдикатите и фирмите и затоа презема мерки кои му служат на стопанството, а не на Мицкоски кој по којзнае кој пат покажа дека не знае економија.Задоцнета е лицемерната грижа на Мицкоски доцни, владата веќе донесе втор сет економски мерки, а следува и трет, поголем пакет мерки кои ќе опфати уште повеќе компании и работни места – реагира СДСМ.






Оттаму посочуваат дека со досега донесените мерки државата спасува 250.000 работни места и помага на 35.000 компании, мерките обезбедуваат помош и поддршка на бројни категории граѓани и речиси на над 70 отсто од дејностите.

 

Поврзани содржини