СДСМ ЛИКУВА НА ПОБЕДА НА ПАРТИЈА КОЈА Е ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА НАРОДНА ПАРТИЈА ВО КОЈА ЧЛЕНУВА ВМРО-ДПМНЕ Петрушевски му порача на Филипче да си гледа во својот двор
ВМРО-ДПМНЕ ја честита победата на партијата Тиса и на Петер Маѓар, со кои очекува да ја продолжи билатералната соработка и на државно ниво да работи на интеграцијата во ЕУ.
СДСМ и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња, порача денеска Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
– СДС којашто некогаш беше релевантна и кредибилна, Филипче ја доведе во комбинација со Заев, да тоне сѐ повеќе и повеќе во жива кал и да нема како да излезе од неа. СДС којашто треба да биде главна опозиција и коректив на власта, се занимава со сѐ, само со себе не. Се занимаваат со избори во други држави, а не си ги гледаат своите редови кои им се рушат сѐ повеќе како кула од карти. СДС ликува на победа на партија која е член на Европската народна партија или попозната како ЕПП, партијата Тиса, каде што е член и ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна пак, сестринската партија на СДС и член на Партијата на Европски социјалисти од Унгарија освои 1,18% од гласовите. Тоа е нешто слично со рејтингот кој СДС го има во Македонија, и е многу близок до рејтингот на Филипче. СДС и Филипче прават сѐ, само не си го гледаат сопствениот двор. Наместо да се дистанцираат од политиките на аболицираниот криминалец Зоран Заев кои ги доведоа до ова дереџе, тие продолжуваат по неговите стапки и го величаат како да е најголем светец – вели Петрушевски.
Тој додава дека ако СДСМ продолжи да се однесува вака, им се заканува бришење од политичката сцена.
ВМРО-ДПМНЕ ја честита победата на партијата Тиса и на Петер Маѓар, со кои очекува да ја продолжи билатералната соработка и на државно ниво да работи на интеграцијата во ЕУ.