СДСМ ЛАЖЕ ДЕКА ИПАРД Е СУСПЕНДИРАНА ОД ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Според ВМРО-ДПМНЕ, програмата ќе продолжи по завршување на контролите

„СДСМ го боли тоа што институциите работат и преземаат активности согласно нивните надлежности, тоа што беше мисловна именка во нивно време“ - се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

410

ВМРО-ДПМНЕ ги негира обвиинувањата на СДСМ дека Европската комисија ја прекинала програмата ИПАРД за поддршка на земјоделците, поради случајот во кој беше уапсен

директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој.






„Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата. Лага е дека се стопирани средствата. СДСМ лаже за да добие ситни политички поени. Нивните лаги веќе не поминуваат ниту кај малите деца. Средствата од ИПАРД III Програмата не се суспендирани од страна на Комисијата.

Повеќе пати е потенцирано дека од страна на Европската Комисија е поздравена одлуката за привремен прекин на плаќањата. Институциите работат во разрешување на случајот. Веднаш по завршување на проверките и контролите, ќе се продолжи со реализација на ИПАРД III Програмата. СДСМ го боли тоа што институциите работат и преземаат активности согласно нивните надлежности, тоа што беше мисловна именка во нивно времесе вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини