СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Пиратеријата кај голем дел од кабелските оператори мора да престане!
Како што објави Канал 5, петте национални телевизии најверојатно од понеделник ќе почнат со широка акција во сузбивање на пиратеријата, која ќе започне со доставување најнови кривични пријави до ОЈО, за дел од кабелските оператори кои, иако предурпедени, реемитувале пиратски содржини преку странските (регионалните) канали.
Мислам дека сме блиску до взаемно прифатливо решение и за радиодифузерите и за кабловските оператори да ги заштитат своите права и да нема обвинувања за прекршувања на авторските и сродните права, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во денешното гостување во „Само вистина“ на Канал 5.
Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, додаде дека почитувањето на авторските права е и прашање кое што ќе се отвори во текот на преговорите со ЕУ, бидејќи, како што рече, не е дозволиво било каков трговски ентитет да не ги почитува.