СДСМ И ФИЛИПЧЕ СО ГОДИНИ ГИ ЛАЖЕА ГРАЃАНИТЕ ЗА НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Наместо тоа, оставија хаос и го уништија здравството

За новиот клинички центар се разгледува локација кај базенот „Борис Трајковски", кој заедно со „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс. Таа локација е на два булевари, пристап до гас, блиску до обиколницата – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

0

Венко Филипче ветуваше нов Клинички центар, а остави руинирано здравство и сомнежи за корупција, со години ги лажеше граѓаните со ветувања за нов Клинички центар, додека македонското здравство тонеше во хаос, скандали и негрижа – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Додека Филипче ветуваше модерен здравствен комплекс, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен систем. Наместо инвестиции во здравството, со СДСМ и Филипче имаше само сомнежи за наместени тендери, привилегирани компании и милионски зделки.






ВМРО-ДПМНЕ остави готов проект за нов Клинички центар со обезбедени 128 милиони евра. Доколку проектот беше реализиран, граѓаните ќе имаа современ Клинички центар уште во 2021 година.

Наместо реализација, СДСМ и Филипче го закочија проектот и почнаа да пласираат нови ветувања и нови суми, без конкретна реализација. Од 128 милиони евра стигнаа до најави за проект од 500 милиони евра, но без ниту една лопата на терен.

Со СДСМ и Филипче граѓаните не добија нов Клинички центар. Не добија подобро здравство. Не добија подобри услови за лекување.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата пред граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и Клиничката болница во Тетово.

За новиот клинички центар се разгледува локација кај базенот „Борис Трајковски”, кој заедно со „8 Септември и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс. Таа локација е на два булевари, пристап до гас, блиску до обиколницата. Тоа значи дека не само за главниот град и Македонија, туку може и од соседните држави да привлекуваме пациенти кои ќе ги користат услугите на тој ултра модерен клинички центар.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во здравството, здравствените работници и се грижи за граѓаните. Времето на измами и лажни ветувања заврши“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини