СДСМ И ДУИ СИ ГО ПРИСВОИЈА СУДСТВОТО КАКО ДА Е НИВНО Се враќаат надежта и довербата во правдата
ВМРО-ДПМНЕ работи на борбата против корупцијата и криминалот. Сите кои згрешиле пред законот мора да одговараат. ВМРО-ДПМНЕ ги враќа надежта и довербата во правдата и судството, соопшти партијата на Христијан Мицкоски.
СДСМ со својот коалиционен партнер ДУИ го присвои судството како да е нивно, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„СДСМ и ДУИ ги избираа судиите, кои палеа и гасеа во судството и не испорачаа правда. Судиите кои ги избраа криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ, се докажаа како некадарни. Иџет Мемети призна дека земал поткуп, Наќе Ѓорѓиев исто призна дека земал поткуп, а сега и судијата Енвер Беџети е ставен на црна листа на САД поради поврзаност со корупција заедно со вицепремиерот на минатата власт на СДСМ и ДУИ, Артан Груби. Само во судството на криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ, нема правда за Дурмо Турс, за модуларната болница, за онкологија. СДСМ и ДУИ, треба да прифатат дека треба да понесат одговорност за нивните криминали и да прифатат дека народот повеќе не ги сака, односно рејтинзите им се рамни на статистичка грешка. СДСМ и ДУИ го уништија системот и ја урнисаа довербата во институциите. Затоа довербата е помала и од 2% во судството во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ работи на борбата против корупцијата и криминалот. Сите кои згрешиле пред законот мора да одговараат. ВМРО-ДПМНЕ ја враќа надежта и довербата во правдата и судството“, се вели во соопштението.