СДСМ го менува името, опција е „Социјалдемократи од Северна Македонија“

Претседателот на СДСМ ова го одговори во контекст на тоа дека политичките партии се финансираат од државниот буџет и дека согласно тоа, треба да го променат името.

2,946

На денешната прес-конференција во Општина Шуто Оризари, премиерот Зоран Заев рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи на Северна Македонија“. Скратеното име би останало и натаму СДСМ.

– Тоа може да биде на следниот конгрес, ние тоа не можеме на извршен или на централен одбор, кој ретко се свикува. До сега имавме само еден конгрес и тој беше онлајн и не знаевме до каде ќе биде ефикасен. Во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор. Има иницијатива за име „СДСМ – Социјалдемократи од Северна Македонија“, но има и други идеи – рече Заев.






Претседателот на СДСМ ова го одговори во контекст на тоа дека политичките партии се финансираат од државниот буџет и дека согласно тоа, треба да го променат името.

Поврзани содржини