СДСМ ГЛЕДА САМО ДА ПОТКУПИ НЕКОЈ ПРАТЕНИК Петрушевски во дуел со Петровска

Петрушевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се здружи во партнерски однос со други политички партии меѓу кои се три албански политички партии со цел да се стави крај на оваа криминална влада која што само нанесе штета на државата и граѓаните.

825

Според резултатите на локални избори оваа Влада го нема легитимитетот да продолжи да владее со оваа држава. Ние имаме 61 потпис и поднесовме иницијатива и не може да биде дискутабилна иницијатива која што е прифатена од претседателот на Собранието на Република Македонија кој што по закон е задолжен да се грижи за уставноста, исправноста и легитимноста на сите документи кои што се поднесуваат како поднесоци во Собранието, истакна Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Петрушевски потсети дека „Економист“ оваа влада ја именуваше како хибриден режим.  Корупцијата не ја измисли ВМРО-ДПМНЕ, корупцијата на оваа Влада го нотираше „Транспаренси Интернешнл“ и ја рангираше Македонија на 111-тото место.






„Кај функционерите на СДСМ преовладува личниот интерес, што ќе добијат, колку министерства ќе добијат, како да поткупат некој пратеник, како да се дограбат до функции, и така го гледаат они поимањето на политиката“, рече Петрушевски.

Петрушевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се здружи во партнерски однос со други политички партии меѓу кои се три албански политички партии со цел да се стави крај на оваа криминална влада која што само нанесе штета на државата и граѓаните.

Поврзани содржини