СДСМ ФОРМИРА РАБОТНА ГРУПА ЗА ВЛЕЗ НА АЛИЈАНСА Ќе има диференцијација од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица

493

Продолжуваат разговорите со Алијансата за Албанците, а извршниот одбор на СДСМ одлучил да формира работна група за продолжување на разговорите со Алијанса на Албанците за влез во владината коалиција, изјави вечерва портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска по седницата на ИО на СДСМ.

– Се зборуваше за окрупнување на владиното мнозинство, што значи приклучување на нов политички субјект – Алијанса за Албанците, покрај постојните политички партнери. Претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, информираше за разговорите со претседателот на Алијанса околу програмскиот дел на можната соработка. Извршниот одбор едногласно одлучи, партијата да ги продолжи разговорите со Алијанса врз основа на политички и програмски принципи – рече Кузеска.






За понатамошните разговори со Алијанса, ИО на СДСМ одредил во работната група да учествуваат генералениот секретар на СДСМ, членот на ЦО, Љупчо Николовски и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

– Соработката со Алијанса ќе биде додадена вредност за граѓаните и државата, особено во однос на: унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, забрзан економски развој и напредок на државата, зголемување на ефикасноста на Собранието со цел побрзо носење на одлуки за подобрување на животниот стандард на граѓаните, справување со енергетската и економската криза, реформските закони од ЕУ агендата, јасна диференцијација од двете политички партии во Собранието кои се против ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кадровско зајакнување и освежување, стабилност неопходна во клучен период во однос на глобалните случувања – истакна портпаролката на СДСМ.

Поврзани содржини