СДСМ Е СЕГА ЗДСМ, ИЗБРАН СИ ЗА ЛИДЕР ПО НАСОКИ НА ЗАЕВ Силјановска вели дека научно победници не се СДСМ и ДУИ

Професорката говореше за причините зошто оваа влада нема легитимитет.

1,419

Во име на науката ќе кажам дека апсолутен победник на изборите е оној што ќе има 50 отсто плус еден од гласовите и тој е првиот што ќе може да формира Влада, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова како реплика на говорниците од владејачкото мнозинство кои за легитимитетот на новата Влада рекоа дека произлегува од победа на последните парламентарни избори. Таа СДСМ ја нарече ЗДСМ, зашто Димитар Ковачевски е избран на чело на партијата по насока на Зоран Заев.

Таа објасни зошто владата е во тешка легитимациска криза.






– Прво, не може оваа влада да го наследи легитимитетот од претходна влада, таа не може да ги делегира бидејќи премиерот си замина од лична одговорност, а не поради друга функција. Од друга страна, по изборот на Димитар Ковачевски на чело на СДСМ по насоката на Зоран Заев, може да се каже дека тоа е сега ЗДСМ, односно ЗаевДСМ. Ако лакмус се избори, тогаш тој поцрвене на локалните избори, кои ги загуби СДСМ. Освен тоа, полни се зборовите за Македонија како нова членка на НАТО. Но, ако Шекеринска е персонификација на зачленувањето во НАТО, неа повеќе ја нема, дали е разрешена или што е причината, но тоа исто го нагризува легитимитетот – рече Силјановска Давкова.

Силјановска наведе и други недоследности, како дека министри кои беа носители на кандидатски листи ги нема и додаде дека најголемиот удар беа локалните избори.  Исто така посочи дека и малите партии даваат условена поддршка што е спорно за легитимитет.

– По дефиниција оваа влада е нестабилна влада, по она што се случува внатре во СДСМ и надвор, тешко дека е влада на СДСМ, туку е на Зоран Заев – рече Силјановска.

Според неа легитимитетот на Ковачевски е всушност врзан неразделно од некој кој до вчера би палтрон, султан, објаснувајќи „мислам на најголемиот носител на моќта мислам на премиерот, а не го спомнавте, а ве преферираше одевте со него за да се манифестира блискоста.

Говорејќи за персоналните решенија Силјановска рече „ако си оди Димитров бидејќи нема датум за ЕУ, со него треба да замине и Османи зошто датумот како да остана во црната кутија во авионот во кој очегледно немаше пилот“.

– Се говори за владеење на правото. Дали колегата Тупанчевски ќе се дистанцира од оној договор дека независни експерти ќе извршат меѓународен мониторниг на процеси за кои постојат сомнењвања политички дека врз нив боло вршено политичко влијание како Монструм, Диво насеље. Тие може да се ревидираат само ако се најдат во Стразбир пред Судор за човекови права ова е директно мешање во судската власт – рече Силјановска укажувајќи дека „оваа Влада во самото настанување е нелегитимна и има биографии кои личат на флаери“.

Таа ѝ реплицираше директно на пратеничката од ДУИ Рина Ајдари која говореше дека апсолутен победник на последните парламентарни избори е ДУИ и дека оваа влада, благодарение на министри од ДУИ, работи на правична застапеност на Албанците во јавниот, но и во приватниот сектор и дека на тој план има големи резултати.

– Во либералната економија нема мешање на државата во приватниот сектор, а принципот правична и принципиелна застапеност се однесува на државна и јавна администрација, во спротивно тонете во комунитаристички води и нелиберални води и сметам дека на новиот премиер, ако биде избран, ќе му биде забележано од ЕУ дека не постапува во согласност со Копенхашките критериуми – рече Силјановска Давкова.

Пратеничката Ајдари како контрареплика нагласи дека ДУИ е апсолутен победник на изборите во рамките на албанскиот политички блок, како и на сите претходни изборни циклуси.

Халил Снопче од Алијанса за Албанците на Ајдари ѝ реплицираше дека ДУИ не се никакви апсолутни победници на изборите.

– Прашајте ги вашите нови партнери во Владата од Алтернатива, што мислат како сте ги добиле изборите – рече Снопче.

 

Поврзани содржини