СДСМ ЌЕ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ПРАТЕНИЧКА ОД ВРЕДИ Спасовски ја обвини дека го прекршила Деловникот на Собранието

Спасовски рече дека пратеничката Имрлије Фетаи-Салиу не дозволила да се отвори расправа за предлог дневниот ред, ниту можност за изменување и дополнување на дневниот ред со образоложение дека претседателот на Собранието Африм Гаши го утврдил дневниот ред и немало потреба да се утврдува дневен ред од страна на членовите на Комисијата за социјална политика, млади и демографија.

151

Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најави дека ќе поднесе кривична пријава против пратеничката Имрлије Фетаи-Салиу од Вреди поради грубо кршење на Деловникот околу денешното претседавање со собраниската Комисија за социјална политика, млади и демографија.

– Ние најавуваме дека ќе преземеме конкретни правни мерки, односно ќе поднесеме кривична пријва против претседавачот со Комисијата, Имрлије Фетаи-Салиу поради грубо кршење на Деловникот и грубо кршење на правата на пратениците. А, воедно ќе поднесеме и иницијатива до Уставниот суд со којашто ќе бараме да се утврди прекршувањето на правото на пратениците на коишто им беше оневозможено согласно Деловникот да постават и да предложат измена и дополнување на дневниот ред – рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.






Тој нагласи дека од претседавачот на Комисијата, Фетаи грубо бил прекршен Деловникот на Собранието, поточно членот 131, со што таа директно го прекршила Деловникот на Собранието, со тоа што, како што рече, не дозволила да се отвори расправа за предлог дневниот ред, ниту можност за изменување и дополнување на дневниот ред со образоложение дека претседателот на Собранието, Африм Гаши го утврдил дневниот ред и немало потреба да се утврдува дневен ред од страна на членовите на Комисијата.

– Членот 131 од Деловникот говори дека „дневниот ред на седницата на работното тело се утврдува на почетокот на седницата“. Ставот два вели „во дневниот ред може да се внесат и прашања што ги предложиле пратениците, претседателот на Собранието, и Владата“. Ова покажува дека парламентарното мнозинство предводено од Вреди и ВМРО-ДПМНЕ сака целосно да го стави под контрола Законодавниот дом. Притоа правата на пратениците да ги загрозат, да не се остави можноста на опозицијата воопшто да даде било каков предлог и секое едно одржување на седницата да биде само по прашање коешто сака да ги постави парламентарното мнозинство – рече тој.

Според Спасовски, ова е невиден атак на демократијата и рушење на демократичноста и демократијата во Законодавниот дом, таму каде што, како што рече, демократијата треба да биде најразвиена, затоа што Собранието по правило е храм на демократијата.

Поврзани содржини