СДСМ ЌЕ ОДРЖИ КОНГРЕС НА 7 ЈУНИ Ќе му претходи „Скопска иницијатива“
Утревечер СДСМ ќе одржи Централен одбор, а на седницата ќе ја презентирам новата предлог Програма на партијата, рече Венко Филипче.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи Конгрес на 7 јуни, најави денеска претседателот на партијата Венко Филипче.
Лидерот на опозицијата најави и меѓународен состанок со регионалните сестрински партии со кои ќе потпишат заедничка Платформа.
– Утревечер во 19 часот СДСМ ќе одржи Централен одбор, а на седницата ќе ја презентирам новата предлог Програма на партијата на која ќе работаат членови на Централниот одбор, стручни комисии од различни области и сфери, за граѓаните да знаат какви политики ќе предлагаме во следниот период. Процесот ќе заврши со усвојување на програмата на Конгрес кој ќе се одржи на 7 јуни. На Конгресот ќе му претходи меѓународен состанок „Скопска иницијатива“ со регионалните сестрински партии со кои ќе потпишеме заедничка Платформа за борба против авторитарни режими, борба со корупција и европска интеграција на регионот – најави лидерот на СДСМ Филипче.