СДСМ ЌЕ ИСКЛУЧИ ОД ЧЛЕНСТВО СОВЕТНИК ОД ОПШТИНА КАРПОШ Гласал по сопствена волја, спротивно на партијата, а во корист на ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ ќе го исклучи Радослав Трошановски, кој е член на Советот на Општина Карпош, од редовите на партијата, затоа што гласаше за изборот на Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Советот на Карпош, на седницата на 13 ноември.
СДСМ ќе го исклучи Радослав Трошановски, кој е член на Советот на Општина Карпош, од редовите на партијата, затоа што гласаше за изборот на Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Советот на Карпош, на седницата на 13 ноември.
На денешната седница на Извршниот одбор е донесена одлука да почне постапка за негово исклучување од партијата, поради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата, соопшти СДСМ.
„Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови. Согласно Статутот на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање спротивно на интересите на СДСМ како и нанесување значителна штета на партијата повлекува одговорност, а тоа се однесува и на сите избрани советници. ИО на СДСМ најостро ги осудува сите притисоци, уцени и закани врз советниците во советите на општините на локално ниво од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за што партијата ќе преземе соодветни мерки за нивна заштита“, соопшти СДСМ.
За изборот на Христо Саракинов за претседател освен 11-те советници на ВМРО-ДПМНЕ, гласаше и советникот на ГРОМ Зоран Краљевски, со што беше обезбедено мнозинство с0 14 гласови „за“ и Саракинов беше избран за претседател на Советот на Општина Карпош.