СДСМ ЌЕ ГИ ПОДДРЖИ КОАЛИЦИСКИТЕ ПАРТНЕРИ Заев вели по критиките имало промени кај Мерко

Таму каде се коалициските партнери ДУИ и БЕСА, оставаме граѓаните, секако тие сами одлучуваат, секако и нашите членови имаат инструкции да гласаат по слободно убедување за она што е најдобро за нивниот град, рече Заев.

1,152

Секаде каде СДСМ нема кандидат за градоначалник во вториот круг од Локалните избори 2021, а од спротива е опозицијата, поддршката на нашето членство ќе биде за коалицискиот партнер, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев кој денеска беше во Охрид.

– Коалициската Влада и националната коалицијата е стабилна, со надеж дека таа ќе зајакнува и во иднина. Испративме јасна порака на демократија и слобода во определба на листите, па и на граѓаните преку независните листи. Но, во вториот круг се обединуваме. Во општините каде сме присутни само коалициските партнери, како Долнени, Арачиново, Чашка, во такви околности ќе се обидеме да победиме како СДСМ со позитивна кампања и промоција на нашите проекти. Таму каде се коалициските партнери ДУИ и БЕСА, оставаме граѓаните, секако тие сами одлучуваат, секако и нашите членови имаат инструкции да гласаат по слободно убедување за она што е најдобро за нивниот град – рече Заев нагласувајќи дека се работи за принципиелен пристап каков што доликува на европска коалиција, европска земја изразувајќи уверување дека граѓаните преку својата поддршка ќе тоа ќе го вреднуваат со своите гласови.






Во врска со кандидатурата на Рамиз Мерко за чија работа лично како премиер имаше забелешки, Заев рече дека после укажаните примедби имало доста промени.

– После моите апели во име на иднината на Охрид, па и на Македонија, имаше доста промени за преземање чекори во насока на потврдување на статусот во УНЕСКО. Во тој момент не бевме задоволни од градоначалникот на Струга, но со задоцнување од седмица, две почна и тој затоа што Охрид не само на охриѓани, туку на сите…Сите пред се мораме да им служиме на граѓаните, некојпат можеби ќе бидеме критикувани затоа што некому тоа не му се допаѓа, но сите знаат тоа е добро за градот и навистина така се постапува – рече Заев.

Тој рече дека Мерко ја има поддршката, верувам дека таа природна поддршка ќе го направи победник, а оти критиките се здрави, добредојдени, низ нив се учиме за да може подобро и поефикасно да се служи на граѓаните.

– Мерко има обврска да продолжи понатаму да работи на отстранување. Знаете УНЕСКО ни даде две години период пред нас, да ги средиме работите, тие нема да ни простат. Охрид е и на охриѓани, стружани, на сите нас, тој е светско богатство и нема да ни дозволат да мрднеме ниту сантиметар. Дали тоа е Заев, Коста, Рамиз или било кој, наша обврска и должност пред идните генерации тоа мора да биде така – рече Заев.

Развојот на Охрид мора да продолжи, а тој ќе продолжи само доколку сите се обединиме околу политиките коиштио гарантираат напредок, економски раст, но истовремено и заштита на ова преубаво светско природно и културно наследство. Ова денеска од Охрид, на неколку дена пред вториот круг од локалните избори, го порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Исходот од овие избори го одредуваат правецот по кој ќе се движи Општина Охрид и нејзините граѓани. Дали тоа ќе биде редот, правдата, правичноста и вложувањето во граѓаните и економскиот развој или неправдата, уништувањето на градот и езерото и трошењето на парите во криминални тендери. – истакна Заев.

Тој рече дека како централна власт СДСМ во изминатите 4 години бележи успеси кои се потврдени со бројни статистички податоци и параметри. Платите во просек се зголемени над 6000 денари, невработеноста е намалена под 15.9%, за 300% зголемена е социјалната помош, обештетени се 13000 стечајни работници, воведена е државна социјална пензија, посочи Заев.

– Преку државната помомош за справување со пандемија одвоивме преку 10 милиони евра помош за хотелиерите. Грижата за Охридското Езеро ја покажавме и преку зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО, но и преку преземање на колекторскиот систем во кој вложивме над 4 милиони евра. Со повеќе од половина милијарда денари го помогнавме Охрид во неговата намера за целосно одблокирање. Сето ова ја покажува нашата намера за вложување во граѓаните во секое населено место. Затоа ги повикувам охриѓани да се обединиме и на 31 октомври да гласаме за да продолжи грижата за граѓаните, да продолжи заштитата на животната средина, да продолжи локалниот економски развој и парите да се враќаат кај граѓаните. Да гласаме да продолжи развојот на Охрид, да гласаме за бројот 12, да гласаме за Константин Георгиески – рече Заев.

Поврзани содржини