СДСМ ДА РАСЧИСТИ ДАЛИ Е ОПОЗИЦИЈА ВО СРБИЈА ИЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Од СДСМ нема демант за 40-катницата на Заев во Дубаи

Според владејачката партија, реакцијата на СДСМ е преполна со навреди и квалификации и е само потврда на тоа дека Валентин Манасиевски погодил во целта – „директно сведоштво како Зоран Заев гради 40-катница во Дубаи, а во тоа му асистира Венко Филипче.“

114

Венко Филипче треба да расчисти самиот себе и пред партијата, каде СДСМ е опозиција, во Македонија или во Србија?

Вака одговори ВМРО-ДПМНЕ откако СДСМ лиферуваше соопштение под наслов „Манасије српски“ – првиот македонски бот, во кое изнесе навреди кон Валентин Манасиевски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.






„Што се однесува до паралелите со соседна Србија, нема да се мешаме во аранжманот на Венко со српските контрактори. Тоа е нивна интерна работа“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, реакцијата на СДСМ е преполна со навреди и квалификации и е само потврда на тоа дека Валентин Манасиевски погодил во целта – „директно сведоштво како Зоран Заев гради 40-катница во Дубаи, а во тоа му асистира Венко Филипче.“

„Тие во својата реакција ставија доволно количина омраза и уличен речник за да не се зборува тоа како Заев од Струмица гради со украдени пари во Дубаи. Нема ниту демант, што значи дека сведоштвата за тоа се вистина.

Сега треба да одговори Зоран Заев лично, што и како гради во Дубаи, и од каде му се парите за тоа? Како од продавање на бостан на пазар во Горни Милановац, се стасува до градење облакодери во Дубаи, и каква е врската на Венко Филипче во сето ова?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно СДСМ го нарекоа Манасиевски „првиот македонски бот“ и го преименуваа во Манасије и Манасијевски.

„Стиснуваат копче и ете го Манасије. Се поклонува и почнува со Заев, Филипче, СДСМ… функционира навистина како најнова верзија на АИ. Потребно е ВМРО Ванчовистичка да се грижи за Манасије. Зголемете му малку буџет за мода, треба модерно да изгледа“, се наведува во реакцијата на СДСМ, која се однесува на информациите дека Заев гради 40-катница во Дубаи, а во која партијата не демантира ништо од наведеното.

 

Поврзани содржини