СДСМ ја турка изградбата на нов Клинички центар, ВМРО-ДПМНЕ влече и не пушта

Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, пак, цврсто стои на ставот дека неговата партија нема да го поддржи проектот за изградба на нов Клинички центар.

991

Блокирањето на изградбата на нов Клинички центар од страна на ВМРО-ДПМНЕ е апсурдна и на директна штета на граѓаните и македонското здравство, обвини пратеникот од редовите на СДСМ, Ненад Коциќ, на денешната прес-конференција.

– ВМРО ДПМНЕ блокира важен проек од витално значење за сите граѓани, без разлика на етничка, верска или политичка припадност. Жалиме што внатрешните пресметки во ВМРО-ДПМНЕ се прекршуваат врз грбот на граѓаните и повикуваме, чесните, искрени пратеници во оваа партија да се вразумат и интересот на граѓаните да го стават на прво место. Со одбивањето на предлогот за посебна Собраниска комисија раководена од опозицијата, стана јасно дека едноствената стратегија е блокади и неконструктивност која трае предолго и е на штета на граѓаните и државата. Со овој проект, по цели 80 години државата треба да добие нов, модерен Клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги – рече Коциќ.






Да се биде против овој проект, додаде тој, е да се биде против македонското јавно здравство, против јавното здравје и против интересите на граѓаните и државата.

– Токму тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ со блокадата со 2.000 амандмани на Предлог-законот. Уште еднаш апелираме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја научат лекцијата од серијата порази и дебакли и еднаш да застанат на страната на граѓаните, наместо на страната на блокадите и деструкциите. После сите порази на Христијан Мицкоски, овде во Собранието но и надвор, од граѓаните, време е искрените, чесни, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и наместо за фотелјата во белата палата да работат за граѓаните. СДСМ со своите коалициони партнери ќе ги презема сите неопходни чекори и политики за да ги откочат овие блокади. Државата, здравствените работници, сите граѓани заслужуваат нов модерен Клинички центар – истакна Коциќ.

Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, пак, рече дека неговата партија нема да го поддржи проектот.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да даде амин на проект на најкриминогената власт до сега во Македонија. Нема да даде амин на најкриминогениот министер чиишто тендери се скандалозни и се објавуваат  секојдневно оттука од оваа прес сала.Ова е петта година како СДСМ замајува со темата Клинички центар. Ова е обид за бегство од темата поврзани со состојбите во здравството, ова е обид за бегство од темата наречена вакцините, скандалот со справувањето со цела криза во сите овие месеци, овие година дена. Венко Филипче турка проекти во кои што најголем дел има тендерски постапки коишто се скандалозни и со големи можности за корупција. За сето ова време додека ги туркаше овие тендери можеше да изгради два клинички центри, не еден во Скопје. Срамота е сега да се перат со молби до пратениците од опозицијата. Во интерес на граѓаните ќе беше да го имаа изградено Клиничкиот центар кој што им беше оставен  или оној кој што го ветуваа во предизборието уште пред пет години. Пет пати го ветуваат, немаат ништо од Клинички центар во Скопје. Сега во интерес на граѓаните е да не им се дозволи уште половина милијарда задолжени евра во рацете на оваа криминогена власт. Треба да им е јасно, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во криминал, со самото тоа што на најкриминогената скандал до скандал власт во Македонија да и овозможи над половина милијарда евра на граѓаните, само врз база на закон на неколку листови – потенцираше тој.

Поврзани содржини