СДСМ ЈА СЛЕДЕЛ ВМРО-ДПМНЕ, САКАЛ ДА ЈА ЗАБРАНИ ПАРТИЈАТА Службите им служеле за партиска агенда, обвини Петрушевски
И покрај сите следења и прислушувања, СДСМ не успеа во својот план за политичка елиминација на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот Христијан Мицкоски. Јавното обвинителство треба да се одважи и конечно да тргне одлучно во решавањето на прислушкувањето, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
СДСМ преку Агенцијата за национална безбеднист и преку Агенцијата за разузнавње ја следел ВМРО-ДПМНЕ за да го забрани постоењето на партијата, а целта им била да останат на власт, обвини денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
– СДСМ целосно ги ставиле службите во нивната партиска агенда. Службите го следеле претседателот Христијан Мицкоски, со цел негова политичка елиминација и елиминација на ВМРО-ДПМНЕ, а со цел што подолго СДСМ да остане на власт, за да ги распродава националните интереси и да прави криминал – рече Петрушевски.
Планот на СДСМ е осуетен од ВМРО-ДПМНЕ и од искрената борба за подобра и посилна Македонија, додаде тој.
– И покрај сите следења и прислушувања, СДСМ не успеа во својот план за политичка елиминација на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот Мицкоски. Јавното обвинителство треба да се одважи и конечно да тргне одлучно во решавањето на прислушкувањето. Злоупотребата не смее и нема да остане неказнета. Сите инволвирани ќе одговараат – рече пратеникот Бране Петрушевски.