📽️ СЦЕНА КОЈА МОДРИЌ ДОЛГО ЌЕ ЈА ПАМЕТИ Погледнете како му се поклонија ривалските навивачи
Навивачите на Виљареал навистина му оддадоа почит на еден од најголемите играчи од средниот ред во историјата на лигата, само во случај ова да биде неговиот последен настап на нивниот терен.
Во луд натпревар од 37. коло на шпанската Ла Лига, Виљареал и Реал Мадрид одиграа 4:4. На домашен терен, Александар Сорлот беше одличен, постигнувајќи ги сите четири гола. Лука Модриќ за Кралскиот клуб како капитен настапуваше до 82. минута.
Потоа на негово место влезе младиот Марио Мартин, а домашните навивачи со голема почит го видоа Модриќ надвор од игра. Сите на стадионот му аплаудираа на Модриќ и го скандираа неговото презиме.
Сè уште не е официјално соопштено дали Модриќ ќе остане во Реал и следната сезона. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а весникот „Марка“ пред два дена објави дека е постигнат вербален договор со Флорентино Перез за продолжување. Навивачите на Виљареал навистина му оддадоа почит на еден од најголемите играчи од средниот ред во историјата на лигата, само во случај ова да биде неговиот последен настап на нивниот терен.
“Modric, Modriiic”, sings a rival stadium once again. Already a tradition!@TheAthleticFC pic.twitter.com/BzHsnogiKy
— Guillermo Rai (@GuillermoRai_) May 19, 2024