САУДИСКИОТ ПРИНЦ Е СОПСТВЕНИК НА НАЈСКАПИОТ ДОМ Тој само за оваа слика платил 400 милиони евра (ВИДЕО)

Имено, во 2015 година, тој искеширал 270 милиони евра за величествениот замок на францускиот крал Луј XIV. Интересно е што оваа вртоглава бројка е близу до парите што ги даде за купување на Њукасл.

421

Младиот богат саудиски принц, откако неговиот татко, кралот Салман, го постави за наследник на престолот во јуни 2017 година, заменувајќи го неговиот 26 години постар братучед, стана, по кралот, најмоќната фигура во неговата земја.

Покрај фудбалскиот клуб Њукасл, тој го поседува и најлуксузниот и најскапиот дом на планетата.






Имено, во 2015 година, тој искеширал 270 милиони евра за величествениот замок на францускиот крал Луј XIV. Интересно е што оваа вртоглава бројка е близу до парите што ги даде за купување на Њукасл.

Но, со оглед дека богатството на Мохамед бин Салман се проценува на 377 милијарди евра, тие трошоци се вистинска ситница за него.

Замокот Луј XIV, завршен во 2011 година, бил изграден во стилот на француските замоци од 17 век, а целиот имот се протега на речиси 5.000 квадратни метри.

Има винарски визби, базени внатре и надвор, и еден посебен со големи риби, потоа ноќен клуб, соба за медитација и одмор, кино, терен за сквош, соба во аквариум … Дали е тоа малку?

Замокот е полн со скапоцени уметнички дела, а се издвојува сликата на Леонардо Да Винчи „Salvator Mundi“ вредна 400 милиони евра, за која плати повеќе од англискиот клуб.

Исто така, замокот има десет луксузно дизајнирани спални соби, насликана купола, библиотека и винарска визба со повеќе од 3.000 шишиња, огромна сала за балови и други свечености.

Покрај овој луксузен и раскошен замок, Салман поседува и јахта долга 130 метри, која чини 530 милиони евра.

Поврзани содржини