САШО МИЈАЛКОВ ИЗЛЕЗЕ ОД ШУТКА Судот му ја прифати жалбата (ОБНОВЕНО)

Адвокатите на Мијалков велат дека го добиле решението и дека се очекува негово извршување попладнево со што тој треба да биде на слобода. Со ова велат се потврди дека биле во право.

1,588

Екс директорот на УБК Сашо Мијалков, вечерва околу 19 часот излезе од притвор. Претходно од Апелацискиот суд му ја прифатија жалбата на одлуката на Кривичниот суд  со која му беше одреден 30 дневен притвор за случајот Плацеви на Водно.

Претходно Апелацискиот суд исто така ја прифати гаранцијата на Мијалков вредна 11 милиони евра. Тој е во притвор уште од февруари годинава, за предметот „Трезор“. Но, истиот ден обвинителката Лиле Стефанова побара притвор по предметот „Плацеви на Водно“ во кој исто така му се суди на Мијалкови, а Кривичниот суд во Скопје го одобри.






Екс началникот има две неправосилни пресуди од вкупно 20 години затвор, и неколку судења кои се во тек.

Поврзани содржини