САНКЦИИТЕ НА ТРАМП СЕ НЕПРИЈАТЕЛСКИ ЧИН ЗА ПУТИН Напад со „Томахавки“ би предизвикал силен одговор од Русија

Рускиот лидер ги оцени економските санкции на Вашингтон за Москва како „непријателски чин“ што „не придонесува за подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон, кои штотуку почнаа да се обновуваат“. Исто така, Путин додаде дека евентуален напад врз Русија со американски ракети „Томахавк“, кои Киев ги бара од Вашингтон, би предизвикал „многу силен, ако не и разорен одговор“.

675

Американските санкции против руските нафтени гиганти Росњефт и ЛУКОИЛ се „сериозни“ и „непријателски чин“, рече рускиот претседател Владимир Путин.

Путин изјави дека мерките на администрацијата на Доналд Трамп „нема значително да ја погодат руската економија“, но дека ќе предизвикаат последици.






– Тие санкции се за нас, секако, сериозни, тоа е јасно. Ќе имаат одредени последици, но нема суштински да влијаат на нашата економска благосостојба – рече Путин пред новинарите.

Понатаму, рускиот лидер ги оцени санкциите како „непријателски чин“ што „не придонесува за подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон, кои штотуку почнаа да се обновуваат“.

Руското Министерство за надворешни работи порано соопшти дека новите мерки можат да го поткопаат дипломатскиот напор за прекин на војната во Украина и дека Русија развила „имунитет“ на вакви потези.

Претседателот Трамп, кој во првите месеци од својот мандат се обидувал да ја поправи комуникацијата со Кремљ, станал сè пофрустриран поради одбивањето на Путин да прифати прекин на огнот, се наведува во извештајот.

Путин вели дека останува отворен за разговори.

– Дијалогот секогаш е подобар од конфронтација или било каков спор, а особено од војна. Ние секогаш сме поддржувале дијалог – изјави Путин.

Тој додаде дека евентуален напад врз Русија со американски ракети „Томахавк“, кои Киев ги бара од Вашингтон, би предизвикал „многу силен, ако не и разорен одговор“.

Трамп долго се двоумеше, но сега САД воведуваат санкции врз руските нафтени компании. Американскиот претседател, исто така, објасни зошто нема да се сретне со рускиот претседател Путин во Будимпешта.

Претседателот на САД 9 месеци ја одложуваше одлуката за дополнителни санкции против Русија.

Откако ја презеде функцијата во јануари оваа година, тој одби да воведе казнени мерки, но сега одлучи да оди по тој пат. Кога го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Овалната соба во среда, Трамп им рече на новинарите:

– Ова е многу важен ден за она што го правиме.

Ова се огромни санкции против две нафтени компании. Се надеваме дека нема да останат на сила долго време. Се надеваме дека војната ќе заврши.“

Поврзани содржини