САНЧЕЗ БАРА ЕУ ДА ГО УКИНЕ ДОГОВОРОТ ЗА СОРАБОТКА СО ИЗРАЕЛ Неприфатливо е непочитувањето на животот од страна на Нетанјаху

Либан мора да биде дел од прекинот на огнот, не смее да има неказнивост за овие криминални дела, објави шпанскиот премиер, осудувајќи ги израелските напади врз Либан.

174

Шпанскиот премиер Педро Санчез ја повика Европската Унија да го суспендира Договорот за асоцијација со Израел од 1995 година со кој се регулира трговијата и политичката соработка, по новиот бран израелски напади врз Либан.

Санчез ги осуди, како што рече, неприфатливите кршења на меѓународното право од страна на Тел Авив.

 






„Денеска Бенјамин Нетанјаху го почна својот најжесток напад врз Либан откако започна офанзивата. Непочитувањето на животот и меѓународното право од страна на израелскиот премиер е неприфатливо“, објави Санчез на социјалната мрежа Икс.

Премиерот на Шпанија додаде дека мора да се преземат итни мерки и дека ЕУ мора да го суспендира својот Договор за асоцијација со Израел.

„Либан мора да биде дел од прекинот на огнот“, објави Санчез, алудирајќи на прекинот на огнот постигнат во вторникот меѓу САД и Иран.

Додаде дека „меѓународната заедница мора да го осуди ова ново кршење на меѓународното право“.

„Не смее да има неказнивост за овие криминални дела“, категоричен е шпанскиот премиер.

ИЗРАЕЛ ГИ МАСАКРИРА БЕЈРУТ И НАДЕЖИТЕ ЗА МИРОВЕН ДОГОВОР Во страотните напади 254 мртви, главно цивили

Поврзани содржини