Самостојните вршители на дејност поднеле 5.840 барања за финансиска поддршка

За остварување на правото, физичкото лице кое врши дејност поднесува барање за финансиска поддршка за исплата на средства во висина од 14.500 денари за април и мај, поднесува образец БСФ-СВД до УЈП.

478

На денешната прес-конференција, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска соопшти дека поднесени се вкупно 5.840 барања за финансиска поддршка за исплата на плата од 14.500 денари за април мај од страна на самостојните вршители на дејност, а со тоа се опфатени околу 40 проценти од оваа група.

– Согласно донесената уредба за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, а се погодени од здравствено-економската криза, тоа се физичките лица трговец-поединец, лице кое врши земјоделска дејност, занаетчиска и лице кое врши услуги кое остварува доход и е запишано во соодветниот регистар, под одредени услови имаат исто така можност да користат финансиска поддршка за месеците април и мај – рече Лукаревска.






За остварување на правото, физичкото лице кое врши дејност поднесува барање за финансиска поддршка за исплата на средства во висина од 14.500 денари за април и мај, поднесува образец БСФ-СВД до УЈП, а кое се врши преку системот е-ПДД, рокот беше до петти овој месец, а се утврдува за рок од три дена се обработуваат при што се доставуваат до Владата.

Исто така, оваа даночна група на обврзници поднеле 2.164 барања за финансиска поддршка за исплата на плати од 14.500 денари за своите вработени. И тоа, угостителска дејност 369 барања, објекти за сместување 11 барања, тур-оператори едно барање, транспорт 136 барања и останати дејности 1.647 барања.

Поврзани содржини