САМО УШТЕ ЕДНО ЗАЛЧЕ! Присилувањето на децата да изедат сѐ може да има негативни последици
Оваа вообичаена практика можеби не е најдоброто решение, се согласуваат бројни експерти кои објаснуваат дека принудувањето на децата на јадење може да има несакани последици во иднина.
Истражувањето на британската нутриционистичка фондација покажало дека повеќе од една третина од родителите секогаш ги принудуваат децата да изедат сѐ што е во чинијата, пишува британски Индипендент. Оваа вообичаена практика можеби не е најдоброто решение, се согласуваат бројни експерти кои објаснуваат дека принудувањето на децата на јадење може да има несакани последици во иднина.
Клиничкaтa директорka за нарушувања во исхраната, Др. Џоан Брунтон, истакнува дека „децата кои секогаш треба да изедат сè што е во нивната чинија може да развијат потешкотии во препознавањето на сигналите за глад и ситост и чувство на контрола над оброците, што подоцна може да доведе до емоционални тешкотии и тешкотии во исхраната“.
Можеш да станеш кога ќе ја испразниш чинијата!
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.