САМО ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРАВИТЕ КАКО ШТО ПРАВИТЕ ОД 1941 Вучиќ со смирен и ироничен одговор за прекинот на нафта од Хрватска

Хрватска само си ја работи својата работа и сѐшто направи во претходните 80 години. Што се однесува до Хрватска, вие самите се пофаливте дека стоите позади тоа против Србија. За воведувањето или невоведувањето санкции, уште еднаш ќе ви повторам - вие не сте тие што ќе ја водите политиката на Србија преку слободно избрани претставници, рече Вучиќ, додавајќи дека е „многу горд на фактот што Србија е слободна земја и таа сама носи одлуки.

804

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред новинарите ја коментираше одлуката на ЕУ да го забрани увозот на руска нафта во Србија преку гасовод ЈАНАФ во Хрватска, а притоа да ги изземе Бугарија и Хрватска. Тој не ја обвинува Хрватска за одлуката, туку само смирено и иронично рече дека „Хрватска само си ја вршела работата што ја прави уште од 1941 година“, а дека на Србија е да одговори, јавува Нова.

– Луѓето ја измислија мојата изјава дека сум рекол дека Хрватска е виновна, а ви повторувам – Хрватска само си ја вршеше работата, сѐ што правеа од 1941 година па наваму. Само нека продолжат да си ја вршат работата. Што се однесува до нас, во наредниот период ќе зборувам за одредени длабински, стратешки и важни економски, политички и далекусежни одлуки – рече Вучиќ.






На прашањето на хрватските новинари зошто ја обвинува Хрватска што Србија не воведува санкции кон Русија, Вучиќ повтори „Хрватска само си ја работи својата работа“.

– Воопшто не ја обвинувам Хрватска. Хрватска само си ја работи својата работа и сѐшто направи во претходните 80 години. Што се однесува до Хрватска, вие самите се пофаливте дека стоите позади тоа против Србија. За воведувањето или невоведувањето санкции, уште еднаш ќе ви повторам – вие не сте тие што ќе ја водите политиката на Србија преку слободно избрани претставници – рече Вучиќ, додавајќи дека е „многу горд на фактот што Србија е слободна земја и таа сама носи одлуки.

Вучиќ додаде дека нема да има целосен прекин на преговорите со ЕУ.

– Нема да има такво нешто. Зошто би било тоа? Мислиш затоа што Хрватска инсистира на тоа? Ви посакувам многу успех во тоа прашање – изјави Вучиќ.

Поврзани содржини