СИТЕ МУ ПЛЕСКААТ ОСВЕН ОРБАН Зеленски го заврши својот говор во Брисел (ВИДЕО)

1,258

Извадок од видео од посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел се рашири по социјалните мрежи. На снимката се гледа дека меѓу пристуните челници на државите од ЕУ, само унгарскиот премиер Виктор Орбан не му ракоплескаше на Зеленски по неговиот говор.

 






Зеленски треба да учествува на самитот на ЕУ во Брисел денес и утре. За време на својот говор тој им се заблагодари на европските лидери за помошта за Украина  за тоа дека неговата земја е сè поблиску до влез во Унијата.

Претходно, при неговата посета на Лондон, една новинарка која известува за Украина наместо прашање му рече на Зеленски дека би сакала да го гушне иако тоа не е можно. Тој рече „Зошто да не“ и ѝ пријде и ја гушна.

 

Во Лондон, британскиот премиер Риши Сунак изјави дека Лондон не ја исклучува можноста за испорака на борбени авиони во Киев и дека за ова прашање се разговара. Сунак му вети на Зеленски дека, доколку тоа се случи, Лондон ќе дејствува како посредник и ќе им помогне на другите земји да испратат борбени авиони, мислејќи пред се на Германија и САД.

За разлика до Велика Британија, Белата куќа во моментов ја исклучува можноста за испорака на авиони Ф-16 на Украина.

Зеленски го посети и Париз, а францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не зборувал со Зеленски во врска со испорака на воени авиони.

 

 

Поврзани содржини