САМО МОТИВИРАЧКА ПОРАКА Премиерот без големи очекувања од самитот на ЕУ
На овој Самит не се носат одлуки, од аспект на отворање на поглавја, први меѓувладини конференции или затворање на поглавја за земјите коишто преговараат, како и одлуки за кандидатски статус – вели Заев.
Тоа што го очекувам од ЕУ самитот за Западен Балкан е јасна и чиста порака дека местото на овие земји е во Европската унија, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање поврзано со неговите очекувања за Самитот и барањето на Словенија земјите од овој регион да бидат членки на европското семејство до 2030 година.
– Сметам дека ЕУ е подготвена за сите чекори за кои секоја земја треба да ги направи. На овој Самит не се носат одлуки, од аспект на отворање на поглавја, први меѓувладини конференции или затворање на поглавја за земјите коишто преговараат, како и одлуки за кандидатски статус – вели Заев.
Премиерот потенцира дека за нас очекувањата се дека силната порака којашто се очекува од ЕУ преку лидерите, а претставени во Европскиот совет ќе ја испратат за Западен Балкан, како силна и мотивирачка порака за продолжување на максимален фокус на ЕУ кон интеграциите на овој регион.