📷 „САМО ЕДЕН Е БРАТ МАНАКИ ИЛИ ГИ ИМА 45 НА БРОЈ?“ Слоганот на фестивалот „Браќа Манаки“ ја збуни јавноста
На социјалните мрежи веќе со денови се редат реакции од граѓани кои забележуваат дека браќата Манаки се двајца, а не само еден, како што вели слоганот.
„Еден е Манаки“. Вака гласи слоганот за годинешниот фестивал „Браќа Манаки“ кој се одржува во Битола, а токму ваквиот слоган ја збуни јавноста.
На социјалните мрежи веќе со денови се редат реакции од граѓани кои забележуваат дека браќата Манаки се двајца, а не само еден, како што вели слоганот.
За да биде уште поинтересно, пак, веднаш под слоганот „Еден е Манаки“ испишан е уште еден слоган: „45 Браќа Манаки“, веројатно сакајќи да се потенцира дека годинава се прославува 45-годишнина од постоењето на фестивалот, но несомнено се добива впечаток дека браќата Манаки биле 45 на број.
Инаку, фестивалот се отвора на 21 септември, а ќе го донесе кремот на светската кинематографска фела. Во Битола се очекува да пристигнат 17 врвни мајстори на филмската камера кои за својата работа се закитиле со бројни награди од најпрестижните филмски фестивали и асоцијации.
Во седумте фестивалски дена, публиката ќе ужива во 65 исклучителни филмски остварувања. Фестивалот го отвора филмот „Партенобе“ на прославениот Паоло Сорентино, кој беше хит на последниот Кански фестивал сниман од Дарија Д. Антонио, претседателка на жирито на „Манаки“ од пред две години.
Со македонската премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оравчанец, ќе се затвори фестивалот.