САМО 61 ДЕН Е ПОТРЕБЕН ЗА НОВИ НАВИКИ Како да се храните балансирано и да не се откажете од здравите навики?

Одржување рамнотежа во исхраната за организмот е најкорисно на краток, но и на долг рок, а на оваа тема совети споделува нутриционистката Симона Коруновска во соработка со dm.

1,016

Храната е исклучително важен дел од нашиот живот и, како таква, таа има особено влијание врз здравствената и врз емотивната состојба на секоја индивидуа. Баланс, односно рамнотежа, е сè што ни треба кога станува збор за исхраната. Тоа подразбира консумирање балансиран оброк, односно таков што вклучува доволно количество од сите три групи макронутриенти: јаглехидрати, протеини, масти. Притоа, треба секогаш да се внимава да не се изостават и витамините и минералите.

Прочитајте неколку корисни совети што Симона Коруновска ги сподели со нас:






Половина од оброкот секогаш треба да биде свежо сезонско овошје или зеленчук – колку пошарено, толку понутритивно.

Четвртина од оброкот треба да бидат јаглехидрати кои се извор на енергија за правилно функционирање на телото. Тука се вбројуваат интегралните житарки како овес, киноа, хељда, просо, јачмен и ‘рж.

Не треба да се заборават протеините како последна четвртина, бидејќи секоја клетка во нашето тело содржи протеин. Тука спаѓаат риба, месо од живина, грчки јогурт, мешунки, јајца, јаткасти плодови, тофу, наут и слично.

Повеќе за оваа тема може да погледнете во видеото: Зошто е важна балансираната исхрана? 

Одлуката за почеток е најтешка, но кога сме веќе кај здравиот начин на живот и балансираната исхрана најважно од сè е да бидеме конзистентни и да не се откажуваме! А од каде да почнеме? За почетокот одлучуваме самите, најдобро е тоа да биде активност што ја сакаме – вежбање, готвење или нешто друго што ќе биде поттик кон здравите навики.

Постои непишано правило дека само 61 ден е потребен за да се стекне здрава навика. Потоа телото се навикнува и почнува да го практикува планот. Разликата ќе почне да се чувствува брзо, а првите симптоми дека одиме чекор напред се гледаат по енергијата што ќе ја имаме, расположението, како и по кожата која станува посјајна.

Не жалете што не сте почнале порано со здравите навики, дознајте повеќе tips&tricks како да не се откажете од здравата и балансирана исхрана тука:

Како да не се откажете од правилната исхрана?

 

 

Поврзани содржини