САМИТОТ Е НАТОВСКИ, АМА САЛАТАТА Е РУСКА! За 8 евра од порција, лидерите во Мадрид го потрошиле целото мезе (ФОТО)
Гласините велат дека салата била распродадена за неколку часа, без разлика дали е руска или украинска, пишува Ројтерс во текстот.
Руска салата од 8 евра, заедно со прилог од компири била прва на менито на самитот на НАТО во Мадрид во Шпанија, пишува Ројтерс и приложува слика. Салатата која во Македонија ја јадеме само за Нова Година е прилично популарна во Шпанија. На крајот од банкетот во палатата Санта Круз таа морала да биде преименувана во „украинска“, а за тоа ургирал познатиот готвач Хозе Андреас, кој публиката го знае од серијата „Готвачка маса“ која оди на Нетфликс.
‘Russian Salad’ on the menu at NATO summit cafe in Madrid raises eyebrows https://t.co/gDxqZ9qy3P pic.twitter.com/ZsFYIW6blT
— Reuters (@Reuters) June 28, 2022
– Руска салата на самитот на НАТО? Малку сум изненаден од тој избор на јадење – изјави новинарот Ињаки Лопез за шпанскиот медиум „Ла Секста“.
Дали руската салата е безбедносна закана за членките на НАТО? За тоа ќе треба да се изјаснат лидерите и политичарите.
Гласините велат дека салата била распродадена за неколку часа, без разлика дали е руска или украинска, пишува Ројтерс во текстот.
Додека знаеме што се случило со руската салата, уште не знаеме што ќе биде со салата „Македонија“, која е популарна во некои делови на Италија и Европа.