📽️ САЛМА ХАЕК НА 58 ГОДИНИ ГО ПОКАЖА РАСКОШНОТО ТЕЛО ВО БЕЛО БИКИНИ Актерката со секси танц ги полуде сите

Салма објави видео на Инстаграм во кое танцува во бело бикини и со тоа го прослави излегувањето на специјалното издание на списанието „Спортс илустрејтед Мексико свимсуит 2025“ на чија насловна страница е таа.

2,198

Салма Хаек (58) повторно ги воодушеви обожавателите. Таа објави видео на Инстаграм во кое танцува во бело бикини и со тоа го прослави излегувањето на специјалното издание на списанието „Спортс илустрејтед Мексико свимсуит 2025“ на чија насловна страница е таа.

Ова не е нејзино прво појавување во „Спортс илустрејтед“, претходно оваа година таа беше на насловната страница на американското издание, заедно со други познати жени како Оливија Дан, Џордан Чајлс и Лорен Чан. Главниот уредник МЈ Деј рече дека списанието отсекогаш било повеќе од костими за капење.






„Станува збор за славење на луѓето кои ја обликуваат културата и убавината на глобално ниво“, рече таа.

„Кога бев помлада, го гледав тоа списание и им се восхитував на моделите. Никогаш не помислив дека можам да бидам на таа насловна страница – тие не изгледаа како мене“, рече Салма во шоуто „Тудеј“ во март. „Моето тело никогаш не било типично за модел. А тоа да се случи на 58 години? Навистина ми е неверојатно“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)


Фотосесијата се одржа во Мексико, земјата од која потекнува, а Салма го опиша целото искуство како „магично“.

„Мојата генерација, особено мексиканските жени, беше воспитана со верувањето дека по 35-годишна возраст никој повеќе нема да нè гледа. Бев воодушевена и се чувствував целосно слободна. Го пуштив Бед Бани и почнав да танцувам… Го обожавам“, рече Хаек претходно.

Познатата актерка често објавува фотографии на кои покажува дека не се плаши од стареењето. Неодамна, таа гордо позираше без шминка и со видливи седи влакна во нејзината темна коса.

„Сакам да се чувствувам добро во врска со тоа како изгледам, но не мора да сакам да изгледам како да сум во моите 20-ти години“, рече таа. Додаде дека всушност сега е повозбудена за своите педесетти години: „Тоа е поинаков вид убавина“, рече таа во интервју за „Пипл“.

 

Поврзани содржини