САКАВ ДА КУПАМ БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА, АМА СЕГА НЕ КУПУВАМ! Онишченко вели дека веќе не го интересира енергетскиот бизнис

Никаков енергетски бизнис не ме интересира. Имав некои планови да купам банка во Македонија, ама нема да купам, ако вака одат работите и понатаму, изјавил украинскиот бизнисмен.

2,039

Украинскиот олигарх Олександр Онишченко имал намера да купи банка во Македонија.

Тој за „Слободен печат“ вели дека бизнисот со гас не го интересира, но сега се двоуми дали воопшто да продолжи со отпочнатата постапка за регистрирање фирма, откако Владата одлучи да му го одземе државјанството кое го добил на 31 мај годинава.






– Никаков енергетски бизнис не ме интересира. Имав некои планови да купам банка во Македонија, ама нема да купам, ако вака одат работите и понатаму. Јас сега се занимавам само со финансиски бизнис, не се занимавам веќе со енергетскиот – изјави Олександр Онишченко.

Поврзани содржини