САКАМ ДА ОДИГРАМ ТУРНИР ВО ЈАНУАРИ Надал најавува враќање на тениските терени
Тенисерот изгуби цела сезона поради повреда на стапалото.
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој пропушти голем дел од оваа сезона поради операција на стапалото, тренира напорно и уверен е дека подготвено ќе го дочека настапот на Австралија Опен идната година.
– Мојот план е да играм во Абу Даби во текот на декември. Потоа сакам да одиграм турнир во јануари пред Австралија Опен и подготвен да ги дочекам настапите во Мелбурн. Напорно работам сето тоа и да се случи – изјави Надал.
Тој како и Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер има освоено 20 грен-слем титули во кариерата.
– Во моментов тренирам по час и половина. Тоа е навистина добро. Има и подобри и полоши денови, но согледувам сè повеќе позитивни, отколку негативни работи – додаде шпанскиот тенисер