🎥 САКАЛ НЕЈЌЕЛ ПИКЕ МОРАШЕ ДА ЈА СЛУША ШАКИРА Поранешниот фудбалер со децата го следеше настапот на пејачката на Светското првенство

Жерар Пике беше фотографиран со синовите што ги има со пејачката Шакира, на финалето на Светското првенство во фудбал, каде што на полувремето настапуваше неговата поранешна сопруга

583

Поранешниот шпански фудбалер Жерар Пике дојде на финалето на Светското првенство во Њујорк за да ја бодри својата репрезентација. Тој беше дојден со синовите Милан и Саша кои ги има со пејачката Шакира, а снимките од нивното пристигнување брзо ги преплавија социјалните мрежи.

Многумина беа изненадени поради тоа што поранешната ѕвезда на Барселона влегува на стадионот заедно со илјадници навивачи, наместо низ ВИП влезот и се пробива низ огромната толпа навивачи со своите деца.






Камерите ги уловија и подоцна, на трибините, додека го следеа настапот на Шакира која беше една од главните ѕвезди на програмата за време на полувремето на натпреварот, а видеото брзо стана вирално.

Додека децата се одлично расположени и гласно пеат додека настапува нивната мајка, Пике има сериозен израз на лицето.

По ова следуваа бројни коментари на социјалните мрежи.

– Го стигна карма; Шакира секогаш ќе биде попопуларна од него; Од некои работи едноставно не можеш да избегаш – се дел од коментарите под видеото.


Инаку, Шакира и на ова првенство беше една од главните музички ѕвезди, а нејзиниот настап го следеа милијарди гледачи.

Освен неа, на полувремето настапија и Мадона, Џастин Бибер и БТС. Програмата пред натпреварот ја водеа Пост Малоун, Роби Вилијамс, Лаура Паусини, Никол Шерцингер и Џенифер Хадсон.

Поврзани содржини