📷 САКАЛ ДА ВНЕСЕ 3 ПУШКИ, 20 ПИШТОЛИ И 5.750 КУРШУМИ Спречен шверц на поголема количина оружје во Македонија
Граничната акција на „Капитан Андреево“ открила возило со македонски регистарски ознаки, а службите го спречија нелегалниот транспорт пред да стигне во земјава.
Македонската полиција, во тесна соработка со бугарските служби, спречи обид за нелегален транспорт на оружје од Турција преку Бугарија за нашата земја.
Акцијата се случила ноќта меѓу 24 и 25 декември на граничниот премин „Капитан Андреево“. При претрес на товарно возило „Волво“ со македонски регистарски ознаки, службениците пронашле три пушки, 20 пиштоли и 5.750 куршуми.
Случајот бил откриен благодарение на брза размена на информации преку SELEC Центарот и координацијата со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот и идентификување на сите лица вклучени во транспортот, ќе следува поднесување на кривична пријава.
Оваа операција ја потврдува важноста на меѓународната соработка и брзата размена на информации за спречување на криминал и нелегален промет на оружје на Балканот.