САКАЛ ДА ПРЕНЕСЕ 32 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА ДО ГРЧКА ГРАНИЦА Приведен е 37-годишен прилепчанец

353

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.А.(37) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.

„На 03.09.2025 на магистралниот пат Битола-Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило ‘фолксваген голф’, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 32,5 килограми марихуана, која требал да ја транспортира до границата со Република Грција“, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани содржини