САКАЛ ДА ЈА ИМПРЕСИОНИРА МЕГАН ФОКС Дечкото си забил нож во главата

Музичарот и актерката Меган Фокс изминатава година привлекува внимание со својата контроверзна врска.

3,349

Музичарот Машин Ган Кели (31), кој неодамна реши повторно да го користи своето вистинско име, Колсон Бејкер во шоуто со Џими Фалон (47) раскажа за несреќата која можела да има трагични последици.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by the Blonde Don (@machinegunkelly)






Имено, во една прилика тој сакал да ја импресионира својата девојка Меган Фокс, но тоа не одело според планот.

– Тревис Баркер ми даде нож со врежани стихови од мојот нов албум, па кога се вратив дома сакав да ја импресионирам Меган и го фрлив во воздух и ми се заби во глава. Знаете, кога ќе фрлите нож и потоа не можете да го уловите? Ја погледнав и ѝ реков: „Види го ова„“Меѓутоа, заврши така што ми требаше шиење во болница – раскажал Кели приказната за ножот и објаснил што, всушност, се случило.

Сексапилната Меган и тој штотуку ја започнале романсата, па Кели чекал таа да замине за да побара лекарска помош, а подоцна отишол да му ја зашијат раната.

Кели и Меган последнава година привлекуваат внимание со својата контроверзна врска, но и со модата што ја избираат за да се појават на црвениот тепих.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини