САКААТ ДА КРАДАТ РУСКИ ИМОТ? БЕЛГИЈА ЌЕ ТУЖИ Брисел има услов за да ја крене рампата за замрзнатите пари
Ако (земјите од ЕУ) можаат да ги исполнат овие услови, (враќање на средствата ако Русија ги побара) ние ќе бидеме лојален партнер. Но, ако Европа реши да краде од Централната банка на Русија, тоа ќе биде без нас, изјави белгискиот премиер познат по неговите претходни изјави за вето врз заплената на рускиот имот запленет во ЕУ во корист на финансирање на Украина.
Белгија би можела да покрене тужба против Европската Унија доколку Брисел реши да ги заплени замрзнатите руски средства во клириншката куќа „Еуроклир“ без согласност на белгиската влада.
Белгискиот премиер Барт де Вевер предупреди дека таквиот потег би бил „противзаконски и крајно ризичен“.
– Не може ништо да се исклучи. Ако се донесе одлука која е неразумна и нелегална, Белгија ќе мора да се брани – рече Де Вевер во изјава за белгиската државна телевизија ВРТ.
Тој додаде дека самата клириншка институција „Еуроклир“ би можела да поведе правна постапка пред Европскиот суд на правдата доколку ЕУ се обиде да ги ослободи средствата без согласност од Белгија.
Белгискиот премиер повторно нагласи дека неговата земја не може сама да го сноси целиот товар од ризикот. Белгија бара јасни гаранции дека евентуалното враќање на средствата, ако Русија ги побара назад, ќе биде заедничка обврска на сите земји членки, а не само на Брисел.
– Ако може да ги исполнат овие услови, ние ќе бидеме лојален партнер. Но, ако Европа реши да краде од Централната банка на Русија, тоа ќе биде без нас – рече Де Вевер.
На состанокот на амбасадорите во Корепер вчера бил разгледан правниот меморандум подготвен од адвокатската фирма „Ковингтон и Барлинг“, кој тврди дека ризикот од судски спор е минимален.
Во документот се наведува дека Русија нема основа да го оспори планот за „заем за репарации“ на Украина пред меѓународните судови.
Белгија останала на својата позиција и не се согласила со текстот на предлогот. Дипломатски извори предупредуваат дека Унијата би можела да ја стави Белгија под притисок сличен на оној кон Унгарија, која веќе е во постапка поради блокирање европски одлуки.
Паралелно со преговорите, амбасадорите во ЕУ размислуваат дали да ѝ дадат на Европската комисија посебни овластувања за да ги задржи руските средства замрзнати без рок, со што би се избегнало редовното шестмесечно продолжување на мерката.
За белгиската влада ова прашање е тест на принципи, а не само финансиска сметка.
– Добрата волја постои. Но, меѓу волјата и можноста да се направи нешто постои јаз кој сега треба да се премости – рече Де Вевер.
Белгискиот премиер веќе е познат по ставањето неформално вето на процесот на оттуѓување или употреба на замрзнатите руски средства од страна на ЕУ во корист на финансирање на Украина.
На самитот на Европската Унија во октомври 2025 тој силно се спротивстави на планот за користење околу 140 милијарди евра од замрзнатите руски средства како обезбедување за заем за Украина, истакнувајќи дека Белгија не смее да сноси целосни правни и финансиски ризици сама.
Претходно, Де Вевер исто така нагласи дека таквата употреба би можела да ја загрози можноста за мировен договор, бидејќи би се сметало за неповолна интервенција што Русија би можела да ја оспори на меѓународни судови или да предизвика други правни и безбедносни последици.