Сахин: До крајот на летото вирусот ќе биде под контрола во повеќето европски земји и САД
Тој смета дека овие проблеми се привремени, дека е можно да се вакцинираат 70 проценти од Германците до крајот на септември и дека вирусот тогаш веќе нема да претставува таков проблем.
Основачот на германската компанија „БиоНТек“, Угур Сахин, кој ја разви вакцината против ковид-19 со американската компанија „Фајзер“, вели дека вирусот ќе биде под контрола во повеќето европски земји и САД до крајот на летото.
Тој смета дека овие проблеми се привремени, дека е можно да се вакцинираат 70 проценти од Германците до крајот на септември и дека вирусот тогаш веќе нема да претставува таков проблем.
– Во многу европски земји и САД, повеќе нема да ни требаат општи затворања до крајот на летото – изјави Сахин за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“.
Тој вели дека ќе има епидемии на вируси, но дека ќе бидат „позадинска бучава“.
– Ќе има мутации, но нема да не плашат – додава Сахин.
Досега речиси девет проценти од населението во Германија примило барем една доза вакцина.