САД ТВРДАТ ДЕКА БРОДОВИ СО НАФТА СЛОБОДНО МИНУВААТ НИЗ ОРМУСКИОТ ПРОТОК Иран го тврди спротивното

Ормускиот Проток од февруари кога почна конфликтот САД, Израел и Иран е една од главните фокусни точки бидејќи е еден од најважните светски енергетски трговски патишта.

0

Кој го контролира Ормускиот Проток? САД и Иран даваат спротивставени информации за тоа. Последната информација што ја објави централната команда на САД (CENTCOM) е дека контролата ја имаат САД.

„САД и регионалните партнери јасно го контролираат теснецот“, објави на социјалната мрежа X Централната команда на САД (CENTCOM), одговорна за воените операции во регионот.






Во информацијата се додава дека „Порано денес, генерал на Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда тврдеше во медиумите дека „Ормускиот Проток е затворен“ и дека неговата земја има „целосна контрола врз него“. Ова е лага“, наведоа од Централната команда на САД.

Оттаму тврдат и дека „бродови што превезуваат комерцијална стока и енергетски производи, вклучувајќи 20 милиони барели сурова нафта, моментално минуваат низ Ормускиот Проток“.

Ормускиот Проток од февруари кога почна конфликтот САД, Израел и Иран е една од главните фокусни точки. Иран во овој период значително го наруши сообраќајот низ теснецот, кој е клучен за снабдувањето на светот со нафта, гас и вештачки ѓубрива.

Американската војска, исто така, нападна ирански цивилни бродови и воведе поморска блокада на бродовите што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа. Прекините во сообраќајот на еден од најважните светски енергетски трговски патишта доведоа до зголемување на цените на нафтата низ целиот свет.

Пред војната, аналитичарите проценуваа дека речиси 19 милиони барели нафта минувале низ протокот секој ден.

Експертите делумно го припишуваат зголемувањето на транспортот на енергетски производи од крајот на јули на проширувањето на таканаречената флота за кратки релации. Станува збор за танкери кои, под заштита на американската морнарица, транспортираат нафта од терминалите за товарење во Персискиот Залив до бродовите што чекаат надвор од протокот.

И покрај ова, во последните денови се регистрирани и напади врз бродови во тој воден пат.

Поврзани содржини