САД СПРЕМААТ ДРАКОНСКА КАЗНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА „КИНЕСКИОТ ЧАТ ГПТ“ 20 години затвор, милион долари или депортација?

Нацрт-законот користи многу правен жаргон, но Бен Брукс, аналитичар за вештачка интелигенција од Харвард, коментира дека тоа е еден од најагресивните предлог закони насочени кон вештачката интелигенција.

1,261

Закон предложен во американскиот Конгрес предвидува затворска казна до 20 години и високи парични казни за користење на кинеската вештачка технологија „DeepSeek“. Британски „Индепендент“ пишува дека одредбата би важела и за странски државјани, за кои се предлага депортација од САД.

Кинеската апликација „DeepSeek“ за кратко време го засени водечкиот Чат ГПТ на Опен АИ во САД, ја затресе берзата на Волстрит и ѝ донесе пад од 17% на компaнијата за чипови nVidia.






Нацрт-законот користи многу правен жаргон, но Бен Брукс, аналитичар за вештачка интелигенција од Харвард, коментира дека тоа е еден од најагресивните предлог закони насочени кон вештачката интелигенција.

Минатата недела вработените во американскиот Конгрес добија предупредување да не ја користат апликацијата, додека Италија целосно ја забрани „DeepSeek“.

Додека гигантите Мајкрософт и ОпенАИ водат истрага дали „DeepSeek“ користел информации од ЧатГПТ. Западните медиуми објавија и дека кинеската компанија користи чипови на nVidia.

Односите на САД со Кина продолжуваат да се затегнуваат, а овие две моќни земји речиси секојдневно воведуваат нови мерки и ограничувања за увоз и извоз на технологии од една во друга земја.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи за 90 дена забраната на апликацијата Тик-ток. За овој период компанијата ќе треба да најде американски купувач за да добие лиценца во САД.

Поврзани содржини