САД СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НУКЛЕАРЕН НАПАД Потрошени 290 милиони долари на лекови против радијација
Како што објави американската здравствена агенција ХСС, владата купила значителна залиха на лекот „Nplate“, кој го стимулира производството на тромбоцити во телото и го ублажува крварењето предизвикано од зрачење.
Соединетите Држави потрошија 290 милиони долари на лекови против радијација, откако рускиот претседател се закани дека ќе користи нуклеарно оружје „во одбрана на Русија“.
Како што објави американската здравствена агенција ХСС, владата купила значителна залиха на лекот „Nplate“, кој го стимулира производството на тромбоцити во телото и го ублажува крварењето предизвикано од зрачење.
ХСС тврди дека лекот не го добиле поради руската инвазија
ХСС негира дека лекот е набавен поради руската инвазија на Украина и тврди дека тоа е „дел од долгорочните напори за подобра подготовка на нацијата за спасување животи во случај на радиолошки и нуклеарни катастрофи“.