САД разработува програма за изградба на мразокршачи за Арктикот

Во наредбата, објавена денеска од Белата куќа, се вели дека програмата треба да вклучи не помалку од три пловила од тешка класа.

257

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска издаде наредба за разработка на програма за изградба на мразокршачи за зачувување на националните интереси на САД на Арктикот и Антарктикот.

Во наредбата, објавена денеска од Белата куќа, се вели дека програмата треба да вклучи не помалку од три пловила од тешка класа.






– За да се заштитат нашите национални интерес и да се задржи силно арктичкото присуство со нашите сојузници и партнери, на САД им е потребна флота од мразокршачи, да биде спремна, способна и на располагање и целосно функционална и распоредена до фискалната 2029 година – се вели во соопштението.

Поврзани содржини