САД распишаа награда од три милиони долари за апсење на пропагандистот на ИД

431

Американскиот Стејт департмент распиша награда од три милиони долари за информација која ќе доведе до апсење на Мухамад Хадор Муса Рамадан, или познат како Абу Бакр ал-Гариброден во Јордан.

Тој е еден од лидерите на терористичката организација „Исламска држава“ и нејзин главен пропагандист, се вели во потерницата.






Како што се истакнува, Мухамад Рамадан раководи со медиумските операции на ИД и игра „клучна улога во пропагандните активности на ИД за радикализација, врбување и подбуцнување на одредени лица низ целиот свет“.

„Тој раководи со планирање, координација и производство на многубројни пропагандни видеo сoдржини, објави и онлајн платформи каде со брутални и сурови сцени на измачување и масовни егезекуција на невини цивили“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Поврзани содржини